Кампања на МВР

Утре полицијата ќе запира возачи, ќе ги едуцира како до лето без пожари

Министерството за внатрешни работи од утре почнува со кампања во која ќе ги едуцира граѓаните за проектот „Лето без пожари". Од МВР информираат дека активностите ќе продолжат во текот на целиот летен период со цел превентивно делување за да се намалат пожарите предизвикани од невнимание од граѓаните.

„Утре (23.06.2018) со почеток во 12 часот Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе почне со кампања и превентивни активности за реализација на проектот „Лето без пожари". Активностите ќе почнат на паркингот "Свети Пантелејмон"- Горно Нерези, на падините на Водно со почеток во 12,00 часот и ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници по случаен избор ќе сопираат патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот", соопштуваат од МВР.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот период со превентивно делување со цел намалување на пожарите предизвикани од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните.

 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе