Утре почнува Вевчанскиот карневал со трибина на тема за одбрана на името

Со трибина на тема „Во одбрана на македонското име и македонскиот идентитет“, утревечер ќе почне традиционалниот Вевчански карневал. Под мотото „Биди и ти вистински василичар“ до 14 јануари организаторите на фестивалот најавуваат богата музичка програма и интересни активности за посетителите од сите возрасти со цел да го почувствуваат василичарскиот дух и да бидат дел од големото карневалско доживување.

 

„Огромна чест ми е што за првпат како градоначалник на Вевчани, ја организираме оваа манифестација која е од големо значење за секој Вевчанец. Веќе имаме одличен одѕив и најавени се многу гости за годинашниов карневал, меѓу кои секако неизбежно е и присуството на дипломатскиот кор. Со гордост можам да кажам дека главен адут на карневалот оваа година е гостопримството, па во таа насока жителите на целата општина се подготвени за соодветен пречек на сите посетители. Интересни содржини за посетителите од сите возрасти како што се детско василичарско катче за изработка на маски, натпревари во цепење дрва, тркалање буриња, влечење јаже, но и многу богата музичка програма која ќе се одвива во текот на сите карневалски денови се нештата по кои Вевчански карневал 2014 ќе се разликува од претходните. Очекувам успешен карневал, многу смеа и секако зголемување на бројката на посетителите“, изјави Цветомир Угриновски, градоначалникот на општина Вевчани.

Куќи на гостопримство во кои посетителите ќе можат да вкусат од традиционалните вевчански специјалитети, детско василичарско катче за изработка на маски, натпревари во греано вино и ракија, тркалање буриња, влечење јаже, цепење дрва, промоција на аудио ЦД, изложба на фотографии, промоција на книга, се само дел од активностите со кои Вевчанци и нивните гости ќе бидат анимирани во карневалските денови. Оваа година ќе биде вратен и стариот обичај – ќе биде избрана најдобра групна маска на која ќе и биде подарено буре црвено вино, исто како порано.

Во музичката програма на карневалот ќе учествуваат Ѓоко Танески и Куку Леле и Ван Гог. Дневни акустичните свирки во амфитеатарот се новост во музичката програма, а за нив ќе биде задолжен етно составот Теодулија од Србија кои ќе настапуваат со македонски етно песни на чело со лидерот на групата Мима Шекуткоска, по потекло од Вевчани. Тука ќе бидат и Миле Кузмановски, Сузана Спасовска и Ефто Пупиновски.

„Тргнувајќи од фактот дека јас, а и Василичарите имаме иста желба - да ги избркаме злите духови и да ја дочекаме Новата Година (по стариот календар) која ќе ни биде исполнета само со убави мигови, ми претставува навистина огромна привилегија и задоволство да бидам дел од единствената манифестација без режим и стеги. Токму затоа без размислување прифатив да бидам дел од годинашниов карневал и во очи Василица да ги забавувам сите посетители во Вевчани“, изјави Миле Кузмановски.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе