Спас за Гевгелија

Уставен суд ја поништи одлуката за референдумот во Гевгелија за „рудниците на смртта”

Уставниот суд на Република Македонија вчера ја поништил одлуката на Советот на Општина Гевгелија со која се распиша и се одржа референдумот против рудниците на Кожуф, објави Иницијативата Спас за Гевгелија на својата Фејсбук страница. 

„Канадската компанија Ресервоар Минералс, поднесе барање да се укине одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапка го прифати нивното барање и ја поништи одлуката.

Од наша страна на Уставниот суд му беше доставено образложение на 18 страни, во кое детално се цитирани сите членови на Уставот и законите на Република Македонија, според кои недвосмислено и изрично е наведено дека за ова прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво. Уставните судии го погазија и Уставот и законите и донесоа срамна одлука поради која ќе мораат сите да си дадат неотповикливи оставки. Девет уставни судии ја запечатија судбината на 500.000 граѓани од југоистокот.

Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните на Македонија, заради бизнис интереси на странска компанија. Уставниот суд се стави на страна на оние кои планираат од Македонија да направат пустелија, да направат геноцид на над 500.000 граѓани”, пишува Иницијативата. .

Оттаму порачуваат дека граѓаните на Гевгелија бараат веднаш оставка од уставните судии, а во спротивно ќе организираат државен референдум за нивно отповикување. 

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе