По повеќе од три месеци од настанот

Уште не се знае кој и со што пукал на свадбата во Мала Речица, се чекаат вештачењата

Основното јавно обвинителство уште ги чека резултатите од вештачењата за кои издаде наредба пред повеќе од два месеци, а се однесуваат на настанот со пукањето на свадба во Мала Речица. На оваа веселба повредени беа две лица, меѓу кои и синот на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми.

Одговорите на мистеријата кој пукал и со какво оружје треба да ги дадат вештачењата кои ги чека Обвинителството.

Редакцијата на МКД.мк на прашањата до каде е оваа постапка доби одговор дека вештачењата за кои е издадена наредба, а е испратена и ургенција до МВР, не се испратени во надлежното обвинителство.

Без оваа документација, односно без овие докази јавниот обвинител кој постапува во овој предмет не може да преземеме ништо понатаму. Од ОЈО велат дека сега за сега, додека се чекаат резултатите од овие вештачења, се врши распит на сведоци во насока на целосно утврдување на фактите.

„Во предметот за кој покажувате интерес, до Основното јавно обвинителство Тетово се уште не се доставени резултатите од наредените вештачења. Во меѓувреме, се врши распит на сведоци во насока на целосно утврдување на фактите“, се вели во одговорот од Обвинителството.

За овој предмет се обративме и до МВР во врска со вештачењата. Од таму ни одговорија дека имаат соработка со Обвинителството и дека редовно соработуваат со нив, а истото се однесува и за соработката во овој предмет.

Од Обвинителството уште на почетокот на септември ни посочија дека за овие вештачења е испратена ургенција до МВР. Вештачењата ќе треба да покажат кој и со какво оружје пукал за време на веселбата.

 Освен синот на Адеми, на оваа веселба беше повредено уште едно момче чиј родител изјави дека Адеми бил тој што пукал на свадбата.

На кривична одговорност во врска со овој настан повика и Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ, коалициски партнер на ДУИ.

Она што до сега обвинителството го има како доказ за текот на оваа истрага се исказите на лицата инволвирани во овој настан, кои биле повикани на разговор во обвинителството.

Наспроти тврдењето на пратеникот Адеми дека не пукал на веселбата, таткото на другото повредено дете во пукањето вели дека токму пратеникот е оној кој посегнал по пиштол и сам го повредил својот син.

Но, чија страна на приказната е точно за сега останува мистерија, а Обвинителството осомничени лица за сега нема, бидејќи потребни им се доказите за тоа кој пукал за време на настанот. На местото на настанот тогаш не беа пронајдени ниту чаурите.

„Околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172" во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот", соопштија тогаш од МВР.

По пријавата и семејството на Адеми ја потврди веста за повредениот син, но тогаш изјавата беше дека се работи за заскитан куршум.

К.Д.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе