ДВИЖЕЈЌИ СЕ ПО ЗАПАДНО-БАЛКАНСКАТА РУТА

УНХЦР: Бегалците и мигрантите се соочуваат со големи ризици, злоупотреби, насилство и несреќи

Зголемиот број на бегалци и мигранти кои ја користат помалку познатата „Западно – балканска рута“, преку која се обидуваат да стигнат до Европа, се соочуваат со големи ризици, вклучувајќи злоупотреби, насилство и несреќни случаи додека се движат по железничките пруги, предупредува Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), објави НоваТВ.

Агенцијата за бегалци на ОН, вчера соопшти дека има драматично зголемување на бројот на мажи, жени и деца, кои со денови пеш се движат по оваа рута, која е помалку во центарот на вниманието од оние кои минуваат преку Средноземното море.

„Ситуацијата е особено тешка во поранешната Македонија, каде бегалците и мигрантите ги следат железничките пруги, пешачејќи со денови, изложени на железнички несреќи, природни непогоди и злоупотреби и закани од шверцери и криминални банди“, изјавил портпаролот на УНХЦР, Адриан Едвардс на брифингот за новинари во Женева.

Според УНХЦР, бројот на луѓе кои искажале намера за барање на азил во земјите од Западен Балкан, помеѓу 2012 и 2014 година се зголемил од 5.000 на 20.000 лица. Оваа година е регистрирано ново зголемување на оваа бројка. Само во Србија во првите пет месец од годината имало преку 22.000 барања за азил, што е шест пати повеќе од истиот период лани. Во мај, 10.000 нови баратели за азил биле регистрирани од тамошните власти, информира НоваТВ. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе