Укинат куќниот притвор за Сашо Мијалков

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, излегува од куќен притвор, одреден за случајот „Титаник 2", по изрекувањето на пресудата. Поминаа 60 дена од изрекувањето мерка притвор, па судот одлучи да го прекине притворот, да му го одземе пасошот и да го задолжи да се јавува еднаш неделно во суд.

Од Кривичниот суд Скопје информираат дека решението е донесено по одлуката на Апелацискиот суд да му се укине куќниот притвор на Мијалков.

Мијалков беше во притвор во Шутка, по изрекувањето на пресудата за „Титаник 2" за изборни нерегуларности за што доби 3 години затвор. Со решение на Апелацискиот суд решението на првостепениот суд е преиначено и на Мијалков му беше определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена.

Со оглед да рокот од 60 дена истекува на 06.05.2019 година, советот постапувајќи по службена должност утврди дека мерката куќен притвор треба да се укине, соопштија од Кривичниот суд.

„Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот да се стави во притвор , односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена" соопштуваат од Судот.

Претходно на Мијалков му беше укинат и куќниот притвор за „Империја". 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе