ПО 45 ДЕНОВИ

Укинат домашниот притвор за двајцата членови на Левица

На Здравко Савески и Владимир Куновски од партијата Левица, кои се товарат за учество во толпа на протестите и демолирање на канцеларијата на Ѓорге Иванов, по 45 денови им е  укинат куќниот притвор. 

Одлуката за укинување на домашниот притвор дојде по барање на адвокатите на демонстрантите, а Судот одлучи да им се одреди мерка на претпазливост - одземање на пасошите. 

Одбраната го спореше обвинителниот акт, тврдејќи дека дел од доказите се незаконски прибавени. Тврдат дека Народната канцеларија на претседателот на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје не е во државна сопственост, па оттука државата не може да бара оштета.

Судењето е закажано за 6 јули. До тогаш судијата побара од одбраната и обвинителство да прибават и соодветно ги подготват доказите.

Инаку, денеска пред Основниот суд Скопје 1 се собраа граѓани и членови на Левица да дадат поддрша за Савески и Куновски. Сопартијците од Левица рекоа дека тие 45 денови недозволиво и незаконски се држеле во притвор.  

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе