УХМР со најава на нов влажен бран, од петок затоплување

И утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава со температури под -15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури.

Позначителен пораст на температурата ќе има во петок, кога ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни,соопштија денес од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).

„Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата“, прогнозираат од УХМР.

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе

Веќе е јасно дека не треба да има никакво сомневање дека прислушуваните разговори треба да бидат прифатени како докази во постапките.

повеќе