По бегството

Го фатиле кога излегувал од прослава во ресторан, уапсен осомничен за насилството во Собрание баран по потерница

Полицијата уапсила еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието на 27 април минатата година кои се во бегство, потврдуваат од МВР. Станува збор за Младен Додевски, за кого е распишана и меѓународна потерница. Како што дознаваме од наши извори, осомничениот бил фатен додека излегувал од ресторан, каде бил на семејна прослава. 

На Додевски и на останатите осомничени кои се бараат со потерници им е определен притвор. Делото за кое се осомничени е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Додевски, според сомненијата е едно од оние лица кои маскирани и со фантомки влегоа во Собранието на „крвавиот четврток".

Покрај него, со меѓународна потерница се бараат и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.

 

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе