Агонија наместо одмор

Туристи со часови заглавени на скопскиот аеродром, чекаат да заминат за Хургада

Стотина туристи од земјава кои уплатиле аранжман за Египет од ноќеска се уште не можат да полетаат од скопскиот аеродром. Патниците велат дека никој не ги информира што се случува.

Требаше да полетаме во 2:30 часот, па најавата беше во 5:00 часот, па во 7:00 и последната е во 10 и 40, но засега нема ништо, вели еден патник.

Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.

Случајот не е пријавен во Државниот пазарен инспекторат. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски во изјава за МИА вели дека доколку не се реализира аранжманот патниците треба да поднесат претставка до инсепкторатот и тие ќе постапат веднаш.

„Во вакви ситуации постапуваме веднаш, односно наредниот ден откако ќе добиеме претставка. Оштетените треба да ги доенсат договорот и фискалната сметка за платениот аранжман, а агенцијата за нереализираниот аранжман треба да ги врати уплатените средства на патникот“, појаснува Пауновски.

Тој додаде дека во 95 отсто од случаите парите се вратени на оштетените патници, како и во случај кога патниците не се задоволни и не го добиле она што било пропишано со договорот.

Оштетените патници средствата ги добиваат во рок од три дена, вели Пауновски.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе