Во Скопје и во Гостивар

Турците од Македонија го поддржаа Ердоган (ФОТО)

Ердоган, не се наведнувај, Балканот е со тебе!" Ова е пораката од собирите на Турците од Македонија што денеска се одржаа во Скопје и во Гостивар.

 

Собирите беа организирани од Форумот на младите на Демократската партија на Турците, а на нив присуствуваа лидерот на ДПТ Кенан Хасипи  и министерот без ресор Хади Незир. Во знак на поддршка на протестот во Гостивар присуствуваа и претставници на Турците од околните земји.

Секогаш ќе бидеме со лидерот, кој имаше разбирање, не само за проблемите на граѓаните во својата земја, туку и за сонародниците, осбено во Република Македонија“, изјавија организаторите на протестот во Гостивар.

Фуад Хаџи-Ејуп, претседателот на Форумот на млади изјави дека настаните од Гези паркот на Таксим во Истанбул „не се мотивирани од внатре, туку се предизвикани од провокатори што сакаат да ја урнат власта во Република Турција“.    

Го поддржуваме Ергодан бидејќи Турција ја призна Македонија под уставното име. Демонстрантите се мрзливи, не сакаат да работат, а земаат големи плати“, порачаа стотици граѓани кои беа дел од собирот во Скопје пред Мурат – пашината џамија.

На собирот во Скопје беа истакнати и следниве пораки: „Нема да оставиме да те изедат“, „Скопје е со Ергодан“, „Поддршка за премиерот“, а демонстрантите од Истанбул беа наречени неработници, мрзеливи и луѓе кои во минатото биле криминалци и работеле на штета на Турција.

Турскиот народ треба да биде благодарен на својата влада за успесите досега. Турција е пример за солидна демократија и не треба да им се дозволи на демонстрантите да го нарушат угледот на државата“, порачаа демонстрантите од Скопје.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе