Градоначалникот им се заблагодари на жителите за трпението

Трубарево по 17 години доби функционална фекална канализација

Населеното место Трубарево во Општина Гази Баба доби функционална канализација и пречистителна станица, со што е решен најголемиот проблем со кој се соочуваа жителите на ова место во изминатите 17 години. 

На пуштањето на објектите во употреба се обрати градоначланикот на Општината Борис Георгиевски кој нагласи дека со тоа се исполнети ветувањата што ги дал дека ова населено место ќе добие функционална фекална канализација и пречистителна станица и тоа го исполнив.

„Иако проектот беше ветен уште во 2002 година но не исполнет, а жителите беа оставени на милост и немилост. Изградената фекална канализација не беше функционална, ниту некој се грижеше за неа. Конечно, ставивме крај на најголемиот проблем со кој се соочуваа граѓаните цели 17 години. Септичките јами ќе бидат минато, а со тоа ќе добијат достојни услови за живот“, рече градоначалникот Георгиевски.

Тој им се заблагодари на жителите на Трубарево за трпението додека се градело и нагласи дека сите улици што беа ископани за да се постави мрежата, се повторно асфалтирани и вратени во целосна функција освен уште две до три улици на кои се работеше во изминатите месеци, а кои ќе бидат асфалтирани.

Системот е со вкупна должина од седум километри од кои примарни и секундарни линии се изведени во должина од пет километри и ќе овозможи голем број корисници да почнат да ја користат фекалната мрежа, а домаќинствата што не се дел од мрежата, да бидат приклучени.

Комплетниот проект за изградба на фекалниот колектор е реализиран со околу 35 милиони денари, средства на општината. Дополнително се предвидени и нови шест милиони денари за во наредниот период да се приклучат уште две маала во ова населено место кои не се приклучени на колекторскиот систем и тоа бесплатно од страна на општината до нивниот двор, наведе градоначалникот Георгиевски.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе