Трагедија во Велес

Трите деца што изгореа во пожар биле оставени сами и заклучени во куќата

Трите дечиња што вечерва изгореа во куќа во Велес биле оставени сами и заклучени. Од СВР Велес за МКД.мк потврдија дека жртви во вечерашниот пожар се две девојчиња и момче што биле на возраст од една, две и четири години. Од таму додаваат дека по увидот ќе се утврдува од што настанал пожарот. 

Според информацијата од СВР Велес, пожарот бил пријавен по 16 часот.

На местото на пожарот веднаш излегле противпожарната единица, екипа на СВР Велес и лекарска екипа на Брза помош.

„Кога стигнала помошта, децата, кои биле сами во куќата, веќе биле изгорени и за жал немало можност да бидат спасени. Кога избувнал пожарот, децата биле сами и заклучени во куќата. Нивните родители ги заклучиле дома и излегле да пазаруваат во продавница“, ни изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес го заврши увидот на местото каде што попладнево избувна пожар. Во пожарот три деца на возраст од четири, две и една година го загубија животот. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

„При вршење на увидот, јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите деца и вршење на идентификација. Ќе се врши проверка на трагите земени од самото место за да се утврдат причините за настанување на пожарот.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес презема дејствија за расчистување на околностите на настанот и за утврдување евентуална кривична одговорност“, соопштуваат од обвинителството. 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе