Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка

Горан Трајковски е предложен за нов член на Управниот одбор на Еуростандард банка АД Скопје по препорака на Надзорниот одбор на банката. Процедурата за именување на Трајковски како член на УО на банката е во тек, информираат од Еуростандард банка.

Оттаму соопштуваат дека Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата Член на Управниот одбор. Својата експертиза, Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.

Николче Петкоски останува на функцијата Претседател на УО на Еуростандард банка.

Собранието денеска ја констатира оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци на негово барање. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе