Во тек е акција и за други лица

Трајко Вељаноски уапсен за настаните од 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е уапсен поладнево под сомнение за наводна вмешаност во минатогодишните настани  од 27 април, дознаваме од наши извори. Според наши информации во тек е акција и за други лица за собраниските настани, а наредбата е издадена од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. 

Поранешниот собрански спикер беше сведок во постапката за 27 април која е пред пресуда. Прашања му поставуваа и обвинетите, а Никола Митревски Кољо го праша дали спие мирно. 

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција најавија повеќе детали во врска со акцијата за подоцна. 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе