За „Топ тема“

Трајанов: Службите не може да не знаат дека некој подготвува бегство, работна група да ја истражи улогата на МВР и судот

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов посочи дека сега обврска на министерот Оливер Спасовски е да спроведе детална истрага за функционирањето на целокупниот систем во вакви случаи и да утврди дали има помагање во бегството на Груевски.

Во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма вечерва тој рече дека не исклучна можноста некој намерно да направил пропуст за да му овозможи на Никола Груевски да ја напушти државата. Предложи да се формира работна група од Владата или пошироко со цел точно да се истражи улогата на МВР, Агенцијата за разузнавање, Јавното обвинителство и на судот.

„Мора да расправа Владата и мора да реагира на најостар начин, без разлика што Унгарија е членка на ЕУ, и може да ја блокира Македонија. Мора МНР сериозно да бара и да ги проучи овие работи, како дејствувале дипломатите, дали српското разузнавање е вклучено“, кажа Трајанов. 

Рече дека службите не може да не знаат дека некој подготвува бегство, а ако не знаеле, мора да има чистки. 

„Можеле службите да разменат информации. Ако нема никаков сигнал од странските служби, дека слободно се шета поранешниот премиер, тоа е симптоматично“, додава Трајанов. 

Вели дека и албанската и црногорската полиција можеле да алармираат дека  Груевски поминал низ нивните земји. 

„Ако не ја расчистиме оваа работа, бидејќи нанесе огромни и тешки последици по вкупната политичка безбедносна состојба во државата, не можеме да одиме напред. Нема да имаме реформи ако случаите ги ставаме под тепих. Треба да се расчистат. Друго прашање е одговорноста. Ние мораме да утврдиме каде се слабостите, каде се пропустите и како тој систем да го реактивираме, да го рекомпонираме бидејќи вака како што е поставен тој не е функционален“, рече Трајанов.

Државата е во исклучително сложена и тешка состојба, меѓу другото, поради тоа што целокупниот безбедносен систем е во колапс.

„Како резултат на голема политизација на важните државни институции, силната партизација, застојот на реформите, тој систем е колабиран долго време и се уште не успеавме во период од година и пол да го реформираме“, рече Трајанов. 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе