СЕДНИЦИ НА АПЕЛАЦИЈА ЗА “ТИТАНИК”

Тодоровски: Немам намера да бегам, пасошот ми треба за работа (ВИДЕО)

Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство денеска на јавна седница побараа да им се вратат пасошите на обвинетите и да им се укинат другите мерки за обезбедување. Обвинителите од СЈО, пак велат дека мерките за обзебедување треба да останат, затоа што на овие обвинети на товар им се ставаат тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор.

Адвокатите велат дека во овие случаи не постои никакво индивидуално обележје за обвинетите и дека сите редовно се јавувале на барањата на СЈО за распити. Со оглед на тоа, според адвокатите, обвинетите немале намера да бегаат. Денеска пред Апелациските судии се појави и Киро Тодоровски, поранешен шеф на кабинет на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тој, рече дека совен во случајот Титаник, како сведок се јавува и во друг случај на СЈО и дека нема намера да бега. Додаде дека досега, уредно се јавувал на сите повици и покани од обвинителството.

Одбраната на Киро Тодоровски, шеф на кабинет на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на денешната јавна седница на Апелација побара да укинат мерките за обезбедување кои му ги определи Кривичниот совет на Кривичниот суд.

Адвокатката на Тодоровски, Сања Алексиќ рече дека со тоа што воопшто биле определени мерки за претпазливост во овој случај биле прекршени одредби од Законот за кривична постапка. таа побара да се укинат мерките и на Тодоровски да му се врати пасошот, затоа што како што Тодоровски поради својата работа во Агенцијата за разузнавање има потреба често да патува.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски рече дека мерките мора да останат затоа што на Тодоровски на товар му се ставаат две тешки кривични дела и дека човек со вакви обвиненија не би требало да врши меѓународни работи во име на државата.

 Се очекува утре да се појават во Апелацискиот суд, првообвинетите во случајот, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протугер и Кирил Божиновски.

СЈО за нив бараше притвор, додека Кривичниот совет им ги одзеде патните исправи.

                           

                                                                                                                                       Видео:Нова ТВ 

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе