Крај на твининг проектот, но почеток на нови соработки

Тимот на Институтот за судска медицина ќе обезбедува докази по европски стандарди, но му требаат кадар и пари

Нашата земја направи соработка во форензиката со Грција. На 17 април годинава го промовираа, а денес го означија крајот на Твининг лајт проектот „Стандардизација и хармонизација според ИСО 17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија". Директорот на Институтот за судска медицина, криминалистика и криминалистичка деонтологија во Скопје, Александар Станков нагласи дека завршувањето на овој проект не значи крај, туку нов почеток кон успеси и едно совршено пријателство какво што можат само форензичарите да создадат.

Проектот е финансиран од ЕУ и е соработка помеѓу Лабораторијата за форензика и токсикологија од Атина и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија од Скопје. 

„Искрено да ви кажам ова акредитацијата на почетокот ми делуваше многу одбивно и страшно, можеби дури и обдукцијата ми е поубав збор отколку акредитација. Но, таа е едно сигурно признание за нивото на квалитетот на една услуга, компетенција и една надлежност. Главната цел на еден проект беше да ги имплементираме европските стандарди во нашите лаборатории со кои тие ќе бидат на исто ниво како и европските. Бенефитот од овој проект е воведување на квалитет и компетентност, можност за производство на квалитетни и научни докази на кои ќе се потпираат правосудните органи со цел да донесат правилна и квалитетна одлука, а корист од овој проект ќе имаме сите, но и граѓаните кои заслужуваат европски стандарди“, нагласи Станков.

Првиот човек на Институтот за судска медицина и криминалистика се заблагодари на тимот со кој работи, но благодарност упати и до Медицинскиот факултет, Европската Унија, до амбасадите на Република Грција и на Кралството Холандија, како и до сите оние кои што, како што рече, деноноќно биле со нив и овозможиле овој проект да го донесат на ниво да биде пример за твининг проект.

Целта на овој проект е да се зголеми соработката околу обезбедувањето на маретијални докази кои од местото на злосторството преку останатите институции, како што се ОЈО и МВР, ќе завршат кај судиите, кој врз основа на тоа ќе треба да носат одлуки за сериозни настани.

„Не беше лесно да се направат 18 мисии за 10 месеци, ги дискутиравме сите аспекти за обезбедување на квалитетот. Да се обезбеди квалитетот е единствениот начин да се спречат грешки и да се избегнат проблеми кога им се даваат услуги на правосудните органи. Денес во присуство на експерти ги презентираме нашите резултат. Имаше консензус да се каже дека Институтот направи голем напредок, и овој проект донесе многу позитивни резултати, 16 научници добија обука и 134 документи за обезбедување на квалитет веќе беа подготвени и сите овие документи ги исполнуваат стандардите. Морате да разберете дека не се постави новата наука, туку нова методологија. Овој проект покажа дека нашите колеги од Скопје се многу компетентни, инспирирани и навистина вредеше што ги спроведовме сите проекти и што им дадовме шанса да научат нешто ново и да го применат ИСО стандардот“, нагласи Хара Спилиопулу, декан на факултетот за здравствени науки и директор на Институтот за судска медицина во Атина.

Таа додаде дека Институтот во Скопје има потреба од нови луѓе и повеќе буџет.

„Токсиколошката лабораторија сега е реновирана за да обезбедни безбедна средина за професорите и за вработените, но моментот на постигнување на акредитацијата зависи и од работата на вработените, но и од поддршката која треба да ја добијат во иднина“, дополни Спилиопулу.

Директорката на Институтот за судска медицина во Атина додаде дека твининг лајт роектот завршува денес, но како што кажала и Агата Кристи, „Некогаш она што мислите дека е крајот, всушност е нов почеток“ и додаде дека веќе се планирани и заеднички истражувања, поволности за студенти и заеднички присуства на меѓународни настани.

Работењето на овој проект го нарече убаво искуство и за нив кои, како што рече научиле многу.

На настанот во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје присуствуваа и заменикот амбасадор на Република Грција, Димитриос Јолдасис Заменикот амбасадор на кралството Холандија, Андри Ван Менс, претставникот на делегација на Европската Унија, Фреек Јанмат Деканот на медицинскиот факултет д-р Соња Топузовска, Сотирис Атанаселис шеф на токсиколошката лабораторија на Институтот за судска медицина во Атина, Ате Клостерман, ДНА експерт поранешен припадник на националниот Холандски Институт за форензика, Василис Кониарис од центарот за европско и интернационално економско право во Солун.

Во проектот беа вклучени експертите кои веќе 15 години работат во акредитирани лаборатории ќе им помогнаа на македонските стручни лица да се стекнат со знаења за процесот на акредитација. Реализацијата на проектот е направена со европска помош во висина од 250.000 евра.

До сега во Институтот направени се идентификации на преку 3.500 жртви кои на време биле предадени на семејствата. Добивањето на акредитацијата за специјалистите по судска медицина од Институтот кои постојано работат и на случаи од убиства, самоубиства, сомнежи за лекарска грешка... ќе значи многу. Работата на овие луѓе почнува онаму каде што завршува човечкиот живот. Простор за грешки нема, а за успешно да се реши еден случај потребно е многу знаење искуство, опрема, но и пари, како и соработка со институциите овде во државата, но и надвор од границите.

Масовната гробница во Велес, 6 авионски и 2 хеликоптерски несреќи, жртвите од војната во 2001-та година, бродската несреќа во Охрид, автобуската несреќа во Ласкарци се само дел од истрагите кои се наоѓаат на огромната листа на сработени случаи кои поминале низ рацете на тимот во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

Денес тимот го означија крајот на овој проект, но за натамошните успеси и почетоци на нови истражувања им треба кадар, но и финансиска поддршка.

К. Додевска

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе