Ќе се чешла досегашното работење

Тензии и полиција пред ИВЗ, обиди за смена на Реџепи

Пред седиштето на Исламската верска заедница во Скопје има присуство на полициски екипи, потврдуваат од МВР. Најверојатно, причина за тоа е финансиското работење на досегашното раководство, судска пресуда и обидите за смена на поглаварот Сулејмен Реџепи. 

„Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници. Јас сум новиот поглавар на ИВЗ, и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение", изјави пред новинарите Скендер Бузаку.

Тој одговори дека ја известил и Финансиската полиција која треба да направи увид во досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.

Бузаку го обвини поглаварот на ИВЗ дека вработувал луѓе од својата фамилија во заедницата и дека поради тоа не очекува мирно предавање на функцијата.

До ова дојде по судската одлука со која се прифаќа барањето на една од двете спротивставени групи за нов поглавар да биде назначен Скендер Бузаку.

И во измнатиот период имаше обиди за смена на поглаварот Реџепи, но досега тие беа безуспешни. 

За соработниците на Реџепи лицата кои се дојдени, како што велат, да го преземат раководството се насилници. 

Се чека Реџепи да пристигне пред ИВЗ и да даде изјава за медиумите. 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе