По 13 часа заврши рочиштето за „27 април“

Тасевски: Началникот Поповски ми го даде беџот за да ме заштити, но напаѓачите беа сѐ побројни

Во 23 часот и 6 минути заврши рочиштето во Кривичниот суд за „крвавиот четврток". Во судскиот процес кој траеше 13 часа последен сведочеше актуелниот директор на БЈБ Сашо Тасевски, кој на 27 април го обезбедуваше Оливер Спасовски.

На 27 април пред да се случи упадот во законодавниот дом, Оливер Спасовски бил на средба со претседавачот Трајко Велјаноски во Собранието. Кога Велјаноски го видел телохранителот на Спасовски, го прашал во кое својство е во Собранието.

„Му кажав дека сум личното обезбедување на Оливер Спасовски, а потоа во холот Велјаноски му се обрати на Оливер со прашањето, „зошто твоето обезбедување оди со тебе цело време, не личи да оди по тебе”. На ова Оливер му одговорил дека тоа е според закон.

Тасевски рече дека кога на радиостаница чул дека толпата ја преминала првата барикада им издал наредба на неговите двајца колеги тактички да се постават за да го заштитат Спасовски. Забележал лица со фантомки кои се шетале во собранието, со извици дека ќе бидат сите убиени, рече дека тие напаѓале, дури и тој бил удиран од нив. Во сведочењето рече дека од повредите имал две расекотини на главата, изместена вилица и расекотини по телото.

Раскажа дека во Собранието се мавало со се, а тој вртел кај луѓе од оперативниот штаб за да даде информација дека толпата влегла во Собранието.

„Јас го извадив пиштолот и кажав -полиција за да не пристапуваат кон личноста која ја заштитувам“, рече Тасевски.

Тој останал надвор пред прес-салата за да спречи да влезат луѓето внатре, па и тој бил напаѓан вербално и физички.

„Дојде началникот Оливер Поповски. Му објаснив дека ситуацијата е тензична. Толпата беше тргнат кон мене. Поповски ми го даде беџот за да ме заштити и проба вербално да ги одврати напаѓачите“, кажа Тасевски. Напаѓачите биле се’ побројни и одлучил да влезе во прес-салата. Следувало кршење на вратата од салата, а тој не успеал да ги спречи напаѓачите.

„Толпата влезе во салата. Почна мрачна атмосфера и физички да се пресметуваме. Началниците активно даваа отпор да се заштитат пратениците”.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска зошто решил да влезе во Собранието, кажа дека влегол за да биде во координација со началникот на вантрешното обезбедување, оти му рекле дека 4 до 5 полицајци го обезбедуваат Собранието.

Претходно, во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи, а претпладнето сведочеа и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и една новинарка присутна во Собранието за време на случувањат

Следното рочиште е закажано за 25 септември кога повторно треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе