За настапот на приемот по повод националниот празник на САД

Тамара се извини, пропустот со химната бил поради емоции и еуфорија

Пејачката Тамара Тодевска се извини за пропуштениот дел од македонската химна за време на интерпретацијата на настанот по повод националниот празник на САД, 4 Јули кој вчера се одржа во американската амбасада во Скопје. Тамара случајно или не заборави да го испее токму тој дел од строфата каде што се споменуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански, по што имаше реакции во јавноста. По ова преку социјалните мрежи Тодевска преку статус на социјалните мрежи се извини и појасни дека пропустот го направила поради преголема возбуда и понесена од еуфорија.

„Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара“, напиша Тодевска на Фејсбук.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе