Црвениот крст на град Скопје во соработка со општинските организации

Светскиот ден на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште"

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности ќе го одбележат Светскиот ден на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште".

Од Црвениот крст соопштија дека како дел од планираните активност, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците и наставниот кадар, ќе донираат наменски опремени ранци со санитетски материјали и останата опрема за укажување прва помош за 31 средно училиште на територија на градот Скопје.

Во секое училиште ќе биде обучена екипа за правилно и навремено укажување на прва помош, а едукациите ќе бидат контунирани во текот на целата година. Обуката ќе се реализира во координација со Општинската организација на Црвен крст на чија територија се наоѓа училиштето.

„Доделувањето на ранците, прирачниците и елечињата ќе се реализира утре во паркот „Жена борец" во Скопје. За време на настанот екипи од Црвен крст ќе демонстрираат прва помош пред присутните граѓани. Знаењата и вештините за укажување прва помош треба да бидат дел од сечие секојдневие, бидејќи се применуваат во секој сегмент во животот. Во оваа насока подеднакво се важни едукациите по прва помош за учениците од средните училишта, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош“, стои во соопштението.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе