Судство

Со скандалозно однесување и погрдни зборови поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, ја испрати својата колешка Лиле Стефанова по двочасовното сведочење на судењето за „Рекет“.

27 Јануари 2020 - 13:06

Политичари, бизнисмени, судии и обвинители ургирале во предметот Империја за време на предистрагата за бизнисменот Орце Камчев.

27 Јануари 2020 - 11:42

Подготвен и буден во 6 часот наутро на 9 ноември 2018 година Орце Камчев ги пречекал службените лица што со наредба пристигнале во неговиот дом да вршат претрес за случајот Империја, откри денес поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова.

27 Јануари 2020 - 11:30

Речиси девет месеци по акцијата која МВР ја спроведе во соработка со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и во која, според тогашните информации вмешани беа адвокати, директори, банкари, менаџери и вработени во јавна администрација, во јавноста нема никакви подотоци за тоа кои се и каде се овие лица, каква е нивната конкретна поврзаност со нелегалната трговија на кокаин, дали има побарано некакви мерки за обезбедување на нивно присуство во текот на истрагата... MВР и Јавното обвинителство во пинг-понг игра во покривањето на овие информации.

26 Јануари 2020 - 11:05

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против Емил Јакимовски кое се однесува на заканите кон неговата поранешна сопруга, но и кон новинарката Мери Јордановска. Но, според официјалното соопштение на Обвинителството резултатите од вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка покажале дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

24 Јануари 2020 - 14:24

Одбраната на осомничениот во случајот на СЈО „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев денеска пред Апелациониот суд побараа да му се вратат пасошите на Камчев. Адвокатите во образложението наведоа дека тој веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да бега, а нуди и гаранција од три милиони евра.

23 Јануари 2020 - 23:31

Во текот на вчерашниот ден, во медиумите беше објавено дека в.д. претседателот на Врховниот суд, во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, затекол триесетина стари предмети кои биле со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.

23 Јануари 2020 - 19:43

Кичевскиот основен Суд, на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му одреди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело. Веста за Алсат М ја потврди неговиот адвокат Бесник Асани, кој вели дека во оваа постапка е прекршен Кривичниот законик.

23 Јануари 2020 - 18:55

Обвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор шест месеци и е однесен на преглед 60 пати. Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна. Ова го наведе одбраната на обвинетиот Јовановски, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд Скопје, жалбата по продолжената мерка притвор по точка 1, опасност од бегаство.

23 Јануари 2020 - 15:08

До крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде позната во целост методологијата според која ќе се утврдува имотната состојба на судиите. Притоа, низ процесот нема да минат сите судии, туку само оние што ќе се најдат на „списокот". Списокот го изготвува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Републичкиот судски совет (РСС).

23 Јануари 2020 - 12:49

Речиси и не поминува рочиште за „Рекет" без јавноста да го чуе гласот на обвинетиот Боки 13 кој постојано укажува на судот за неговата лоша здравствена состојба. Иако, за разлика од првите судски рочишта, обвинетиот Јовановски денес изгледа подобро, тој пред судот тврди дека нема подобрување на неговото здравје, и дека состојбата му е влошена. За периодот од половина година колку што е во притвор, Јовановски денес пред јавноста се пожали дека бил носен на прегледи 55 пати.

23 Јануари 2020 - 11:47

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и денес како и минатиот пат на судењето за „Рекет" во судница беше без одбрана. Нејзините адвокати, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска беа отсутни и на денешното закажано рочиште поради нарушена здравствена состојба. Но, и покрај нивното отсуство , обвинетата Јанева е децидна, вели има бранители.

23 Јануари 2020 - 11:14

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Рекет". Минатото рочиште се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.

23 Јануари 2020 - 08:08

Во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети кои беа со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.

22 Јануари 2020 - 14:39

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по тоа,

22 Јануари 2020 - 14:29

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе