Судство

Екс министерот Миле Јанакиески денеска не беше спроведен од Истражниот затвор во Шутка на рочиштето за случајот „Топлик" во Кривичниот суд. Од притвор не беше донесен ниту обвинетиот Димитар Димовски. Судијата Осман Шабани рече дека Судот доставил уредно барање за спровод на Јанакиевски и Димовски и дека не знае кои се причините зошто не се на рочиштето.

11 Јули 2019 - 11:00

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Тотал", „Топлик" и „Тарифа" на Специјалното јавно обвинителство.

11 Јули 2019 - 07:40

Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов во изјава по завршување на „Траекторија" рече дека здравствената состојба на ексминистерот кој веќе цела недела ја одбива храната во затворот, се влошува. Адвокатот Миланов вели дека влошената здравствена состојба е еден од условите да побараат мерката притвор да биде преиначена во куќен притвор.

10 Јули 2019 - 14:38

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова на денешното рочиште за случајот „Траекторија“ му рече на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески дека сам си го уништува животот, на што тој возврати дека тоа што го живеел не било живот. Тој е обвинет во случајот „Траекторија“, а и во неколку други предмети, меѓу кои и оној за организирање на нападите од 27 април. Јанакиески десетина дена штрајкува со глад во Истражниот затвор во Шутка каде ја издржува мерката притвор.  

10 Јули 2019 - 11:43

Нови рочишта за случаите „Траекторија" и „Тендери" на СЈО денеска треба да се одржат во Кривичнот суд во Скопје. Случајот „Траекторија" се наоѓа во доказна постапка,а обвинети се експремиерот Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП „Државни патишта", Љупчо Георгиевски.

10 Јули 2019 - 10:32

На лицата со оштететен вид им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите, согласно законите и меѓународните прописи, заклучи коалицијата „Сите за правично судење", која во периодот од декември 2018 до март 2019 година спроведе истражување за физичката пристапност на 10 основни судови.

10 Јули 2019 - 08:45

Судењето за „Талир“ повторно се одложи. Причината и денес е иста како од минатото одложување, односно поради отсуство на поротничка.

09 Јули 2019 - 11:01

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Талир" и „Тарифа" на Специјалното јавно обвинителство.

09 Јули 2019 - 08:16

На судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина" денеска во Кривичниот суд во Скопје повеќе од три часа сведок, вработен во УБК одговараше на прашања од обвинителството, судот и одбраната за функционирањето на опремата за следење на комуникациите и нејзиното уништување.

08 Јули 2019 - 15:55

Со сослушување на сведок вработен во УБК, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина".

08 Јули 2019 - 14:13

Основното јавно обвинителство денеска поднело обвинителен предлог против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд-Скопје, Владимир Панчевски, за злоупотреба на информацискиот систем за управување со судски предмети АКМИС, односно, како што стои во соопштението од Обвинителството, за злоупотреба на службената должност и овластување.

08 Јули 2019 - 14:08

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”  на СЈО. На претходното рочиште беа сослушувани сведоци. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО.

08 Јули 2019 - 08:02

Маја Трпкова, мајката на Пино Секондо момчето кое пред некое време беше најдено мртво од случаен минувач попладнево е приведена во полициска станица. Информацијата за приведувањето за МКД.мк ни ја потврди Трпкова. Во телефонски разговор во кој ја побаравме за приведувањето, таа ни одговори дека е во полициска станица и дека ќе нѐ побара подоцна.

05 Јули 2019 - 19:30

Новинарката Оливера Трајковска потврди дека прислушуваните разговори од кои дел беа пуштени во јавноста, а се доказ во постапката за „Тортура" се автентични. Трајковска денес сведочеше пред Орце Камчев за случајот со апсењето на Љубе Бошкоски и пред судот рече дека за неа не е спорно дека тие разговори се автентични, дека истото тоа веќе го кажала пред обвинителите на ОЈО, како и дека нема што посебно да дополни.

05 Јули 2019 - 14:37

Судскиот полицаец со плата од 200 евра не може ни телефонски сметки да плати, а камо ли да стои пред судовите на државата и да ги бранат судиите, објектите или пак граѓаните што влегуваат во судовите, изјави денеска на прес-конференција претседателот на гранскиот Независен синдикат на полиција (НСП), Гоце Делчев пред Министерството за правда каде имаа закажано средба со министерката Рената Дескоска за решавање на проблемите со судската полиција.

05 Јули 2019 - 14:22

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе