Зоран Милески-Кичеец дал изјава во полициската станица за сите објавени аудио-снимки

Зоран Милески-Кичеец дал изјава во полициската станица Карпош за сите објавени аудио-снимки на социјалните мрежи каде наводно се слуша неговиот глас.

„Од страна на МВР на лицето З.М. му беше доставена покана да се јави на информативен разговор денеска во полициската станица Карпош, по член 276 од ЗКП,а во врска со објавени аудио снимки на социјалните мрежи. З.М. денеска дојде во ПС Карпош заедно со својот адвокат и врз основa на неговиот исказ ќе биде сочинето известување до ОЈО“, соопштија од МВР.

Имено, во текот на изминатите денови на социјалните мрежи беа објавени аудио видеа, кои наводно се снимени разговори меѓу Кичеец и политичари, како и видни личности.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе