Нова истрага на СЈО

Жарко Луковски преку Т-мобиле за ДГ Бетон прибавил имотна корист од 3,5 милиони евра

Преку потребата за легализација на базните станици осомниченииот Жарко Луковски, тогаш главен извршен директор на Т-мобиле, со искористување на положбата и овластувањето, на ДГ Бетон АД Скопје му прибавил значителна имотна корист од 3,522 милиони евра. Воедно, на акционерите на Т-мобиле Македонија, меѓу кои е и државата, им нанел штета во висина на приходот од неоствареното право на дивиденда, смета Специјалното јавно обвинителсство во еден одновите шест истраги „Базни станици“.

Истрагата на СЈО покажала дека во текот на 2011 година осомничениот Луковски во април 2011 година во име на Т-мобиле побарал од ДГ Бетон да ја заврши постапката за утврдување на правниот статус на нејзините базни станици. Ова било направено и покрај тоа што Т-мобиле Македонија поседувал соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа во износ од по околу 3.000 евра по објект. ДГ Бетон претходно никогаш нема давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното работно искуство, велат од СЈО.
ДГ Бетон брзо ја известува компанијата Т-мобиле дека бараната услуга може да ја изврши за 9.800 евра по објект и 2.500 евра за докомплетирање на документација за други стари базни станици.
„Нагласуваме дека станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија.
На 27 декември истата година осомничениот Жарко Луковски, во име на Т-мобиле потпишал договор со претставник на ДГ Бетон за утврдување на правниот статус на базните станици и нивно запишување во јавните книги за недвижност, по веќе споменатата цена од по 9.800 евра по објект, без ДДВ, но, вклучително и за 518 комуникациски објекти за кои документацијата само технички била доставена до ДГ Бетон, бидејќи истата веќе била изготвена во Т-мобиле Македонија.
На ДГ Бетон му останала обврска оваа веќе изготвена документација само физички да ја однесе во архивата на Министерството за транспорт и врски.
На овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда“, информира СЈО.
 
 

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе