Откако беше оформен предмет по допрен глас

Жан Митрев на распит, пред обвинител треба да одговори за хемофилтрацијата и бактериите во неговата болница

Во Основното јавно обвинителство Скопје денеска на распит е повикан доктор Жан Митрев. Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев" и доктор Жан Митрев. Во истражувањето, според податоци на ИРЛ, хемофилтрацијата која се користеше за тешко болни пацинети од ковид-19 била експеримент, а сомнежите се дека пациенти умирале и од болнички бактерии кои никаде потоа болницата не ги пријавила. 

Жан Митрев е повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.

Јавното обвинителство на 18 јули информира дека е оформен предмет по документарната емисија „Нечиста крв" објавена на ИРЛ, во која медиумот објавува дека клиниката Жан Митрев вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави, а се обработуваат и смртни случаи, кои имале по неколку бактериски инфекции.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе