Невладината организација бара работно тело за проверка за медицинските потврди

„Зелена лупа“: Да се провери документацијата за тестот за ковид-19 на Мијалков за да нема злоупотреба и одолговлекување на „Таргет-Тврдина“

Невладината организација „Зелена лупа" смета дека во Основниот кривичен суд во Скопје треба да се формира работно тело од страна на Судот или од Владата кое ќе врши преиспитување на издадените медицински потврди на лица против кои се водат судски постапки, а воедно и ќе изврши дополнителна проверка на здравствената состојба врз нив се со цел да се исполни правото за судење во разумен рок и ќе се спречи можна злоупотреба на медицинските извештаи.

Ваквиот предлот од невладината организација го дадоа по набљудување на судските постапки во период од 2018 година, па до денес, а и по одложување на рочиштето за случајот „Тврдинс-Таргет“ , односно по позитивниот тест за ковид-19 на обвинетиот Сашо Мијалков.

„Како невладина организација секојдневно вршиме мониторинг во кривичниот Суд Скопје од 2018 година на сите предмети покренати од СЈО како и предмети од ОЈО ГОКК и можеме да ја информираме јавноста дека често обвинетите и нивните бранители „се разболуваат“ или „доживеале некаков напад“ токму кога предметите се во завршна фаза или се во ризичен истек на 90 дена од последно одржано рочиште а со тоа постапката се враќа од самиот почеток како што се случи со неколку предмети од СЈО. Со ваквата статистика и со ваквите појави кои фрлаат сомнеж за веродостојноста на медицинската документација која се доставува до Судот, сметаме дека треба да се воведе работно тело од страна на Судот или од Владата на РСМ кое ќе врши преиспитување на издадените медицински потврди а воедно и ќе изврши дополнителна проверка на здравствената состојба врз лицата се со цел за исполнување на правото за Судење во разумен рок и секако најважното да се спречи можна злоупотреба на медицинските извештаи се со цел за одолговлекување на постапките со кое се нанесува штета на сите странки во постапката а судските процеси траат до недоглед и се понеизвесно е да доживеат застарување на кривичните дела“, се вели во Извештајот на „Зелена лупа“.

Од таму за конкретниот случај со обвинетиот Мијалков од „Зелена лупа“ велат дека, иако е тој позитивен на ковид-19, неговите бранители не се во изолација, а пред една година Мијалков добил лекарска документација за лоша здравствена состојба исто од „Неуромедика“ и „Систина“ со која се одложило судењето за случајот.

„Неговите бранители доставија до Судот копија од Решението издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство издадено на 15.10.2020 година во кое се наведува дека е одредена изолација со времетраење од 10 дена за асимптоматски потврден случај и 20 дена доколку во текот на следењето на здравствената состојба на лицето се развијат симптоми прикажани на клиничката слика, сепак бранителите кои се во близок контакт со обвинетиот не чувствуваат потреба за самоизолација иако истите се бранители во повеќе предмети и се доведува до прашање безбедноста на сите лица во нивната околина како и можноста за пролонгирање на постапките со принципот еден оздравен-„нов заболен“и повторно нови одложувања до недоглед. Како дополнителен сомнеж се јавува и преклопувањето на медицинскиот извештај токму од истата установа „Неуромедика“ која точно пред една година заедно со „Систина“ го оправдаа отсуството на овој обвинет па по предупредувањето од страна на Судот дека доколку обвинетиот не се појави на следното рочиште на кое ќе истечат 90 дена и постапката ќе започне од почеток Судот ќе изврши проверка на медицинската документација и целосната веродостојност на истата поради сомнеж за намерно отсуство бидејќи обвинетиот на претходниот ден присуствувал на друг предмет во кој е обвинет и бил во видно добра здравствена состојба“, се вели во извештајот на „Зелена лупа“.

Во февруари наредната година застарува едно од трите дела за кои во овој случај е обвинет ексдиректорот на тајната полиција, Мијалков. Се работи за делото примање награда за противзаконито влијание за кое е предвидена затвосрска казна од три години.

Ако тоа се случи, на Мијалков ќе му се суди само  за  две дела: злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.

Покрај „Таргет-Тврдина“против Мијалков ри предмети: „Tрезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

Судот на последното рочиште за „Таргет-Тврдина“ ги извести присутните дека ден пред судењето обавил телефонски разговор со бранителите на обвинетиот Сашо Мијалков од кои добиле информација дека обвинетиот поради потврден тест за присуство на ковид-19, па судот го откажал и спроводот од Затвор „Идризово“ за обвинетата Гордана Јанкулоска се со цел за економичност на постапката и да не се причинуваат непотребни трошоци за спроводот.

Судот ги отповика сите закажани термини за овој предмет за месец октомври и одреди нови 9 термини за месец ноември.

Бранителите на Сашо Мијалков реагираа за дел од новите термини бидејќи имале и други предмети кои ги застапуваат но добија одговор од судиите дека овој предмет е приоритетен и ќе извршат разговор за промена на термините со своите колеги кои ги водат тие предмети.

Во мониторингот  невладината организација вели дека сите присутни ги почитувале мерките за заштита одржувајќи меѓусебно растојание и употребуваа заштитни маски на лицето, вклучувајќи го и Судечкиот совет.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе