Обвинение за поранешниот генерален секретар на Владата

Зекири обвинет за проневера на 1,5 милиони евра државни пари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири за злоупотреба на службената положба.

Cпоред обвинението кое ОЈО ГОКК денеска го поднесе до Основниот кривичен суд Скопје, Зекири се товари дека со умисла во повеќе наврати ја злоупотребил функцијата генерален секретар на Владата и со тоа извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба.

„Обвинетиот во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги" , информираа од ОЈО ГОКК.

Според обвинението, Зекири без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла, а потпомогнат од двајца хрватски државјани кои во овој случај се осомничени, а кои сѐ уште ѝ се недостапни на полицијата, склучил договор за консултантски услуги со фирма вреден 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Фирмата, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, била основана дваесет дена пред склучувањето на Договорот.

„По склучениот договор, фирмата склучила Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на фирмата, со што истата прибавила значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ", пишува во обвинението.

Вториот договор за кој е обвинет Зекири, е Договорот за консултантски услуги за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници - Транспорт АД Скопје и бил склучен следниот, на 23.06.2021 година, со друга консултантска фирма.

„Договорот бил вреден 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на оваа фирма Владата врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски пари во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ", посочуваат од ОЈО ГОКК.

Според обвинението, на овој начин Зекири прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете фирми во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот. Освен обвинението, ОЈО ГОКК од судот побара на Зеќири да му биде продолжен куќниот притвор.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе