Обвинителството побара мерки за екс генералниот секретар на Владата

Зекири останува во притвор, се сомничи за уште едно кривично дело

Поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири останува во домашен притвор по барање на обвинителството, кое пред Апелацискиот суд откри дека го сомничи за уште едно кривично дело.

На Зекири му се определени уште 30 дена домашен притвор, при што судот ја имал предвид неговата здравствена состојба, но исто така и затоа што Обвинителството за гонење на организиран криминал во својот предлог навело и дека тој се сомничи за сторено уште едно кривично дело слично по својот карактер какво што е актуелното за злоупотреба на службената положба.

Обвинителството наведува дека во текот на актуелната истрага се преземени и други истражн дејства и дека е „пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело 'Злоупотреба на службената положба и овластување', за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности".

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе