Писмо на бранителите

Здравствената состојба на Камчев се влошува, денеска тој повторно бeше однесен на Клиниката за кардиологија

Откако вчера во затворот во Шуто Оризари на Јордан Камчев повторно му се влоши здравствената состојба, беше повикана Брза помош затоа што во затворот немаше лекар.По интервенцијата на лекарите од Брза помош неговата состојба беше подобрена, но утрово повторно дојде до влошување на здравствената состојба на Камчев, соопштија попладнево неговите бранители.

„Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, Јордан Камчев повторно се пожали на своите бранители на влошена здравствена состојба. И покрај примената терапија од Брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно беше во лоша здравствена состојба и со возило на Брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје.

По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на Камчев, која очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, Камчев од својата 15-та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до судот“, велат адвокатите Сашо Бошков, Александар Михајлоски и Гоце Ристески, дел од бранителите на Камчев кои денеска беа во посета.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе