По повод денот на судството

Здравев им порача на судиите да ги почитуваат човековите права

По повод денот на судството, претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев денеска упати честитка до судиите, судските службеници и сите вработени во судската власт, посакувајќи им добро здравје и успех во понатамошната работа.

Во честитката Здравев им се заблагодарува на судиите, судските службеници и сите вработени во судската власт кои, како што вели, останаа истрајни во овие тешки денови за граѓаните на нашата држава и за човештвото во целина и покажаа дека може да одговорат на секој предизвик.

„Нашата заедничка цел е „Обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт" преку непристрасно применување на правото, неселективна правда, заштита на човековите права и основни слободи, еднаквост, рамноправност, недискриминација по кој било основи и обезбедување на правна сигурност врз основа на владеење на правото“, стои во честитката која ја упати Здравев во свое лично име и во име на од членовите на Судскиот совет.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе