Отфрлена кривичната пријава од експретседателката на Врховен

Здравев, Дамева и Спиреска не ја злоупотребиле службената положба за разрешувањето на Неделкова, вели ОЈО

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова против претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев и членовите на судскиот совет, Весна Дамева и Гордана Спиреска за злупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поранешната претседателка на Врховниот суд, Неделкова пријавата ја поднесе на крајот на јануари, а Основното јавно обвинителството Скопје денес и одговори дека таа пријава е отфрлена.

Причината за отфрлањето на пријават против Здравев, Дамева и Спиреска е поради тоа што Обвинителството утврдило дека кај пријавените не се содржани елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Решението е доставено на Неделкова, која има право на жалба во рок од осум дена до Вишото јавно обвинителство Скопје.

Според пријавата на Неделкова,членовите на Судскиот совет искористувајќи ја службената положба и овластувањата, ги повредиле нејзините права, со тоа што во периодот од септември 2020 до јануари 2021 го разгледале предлогот на Комисијата кој бил за запирање на постапката за нејзино разрешување и спротивно на Законот за Судски совет, влијаеле кај другите членови да изгласаат враќање на предметот.

На пријавата на Неделкова и претходеше пријава од експретседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, дека заминала на неколкудневен одмор без одобрување и оти предметите кои и биле дадени да ги работи чекале таа да се врати од одмор, е не биле работени веднаш.

„Пријавителката во кривичната пријава наведе дека пријавените, во својство на службени лица, во периодот од септември 2020 до јануари 2021 година, ја злоупотребиле службената положба при одлучувањето и гласањето на седница на Сускиот совет на која се разгледувал извештај за утврување одговорност на судијката на Врховниот суд. Тие наводно ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера потешко да ги повредат правата на оштетената, а притоа од лични и политички причини вршеле влијание и врз другите членови на Судскиот совет при одлучувањето. Така, предлогот на Комисијата која го разгледувала извештајот и предложила запирање на постапката против судијката на Врховен суд го вратиле на доработка, потоа избрале нов член во Комисијата и одлучувале без да ја известат оштетената за резултатите од гласањето и за дополнително спроведените дејствија. На 19 јануари годинава Комисијата, без никакви дополнително утврдени околности, донела предлог-одлука за разрешување на судијката во Врховен суд", се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Заради утврдување на наводите во кривичната пријава, јавниот обвинител ги прибавил списите од предметот на Судскиот совет и детално ги проучи.

„Од анализа на хронологијата на целокупното постапување произлезе дека Судскиот совет на седницата одржана на 29 септември 2020 година расправал по извештајот на Комисијата со кој се предлага запирање на постапката против оштетената. Но, при гласањето не било постигнато потребното двотретинско мнозинство за одлуката да помине, па согласно член 60-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет било оценето дека е потребна доработка на предметот и списите биле вратени на Комисијата. Изборот на нов член на предметната комисија бил извршен со ждрепка, согласно член 56 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет. Од записниците се констатира дека една од пријавените членови на Судскиот совет воопшто не се јавила за збор при расправата за извештајот, додека другата пријавена се јавила за збор и дала образложено мислење за кое не може да биде повикана на одговорност, имајќи ги предвид правата и обврските на членовите на Судскиот совет пропишани со закон. Комисијата за утврдување одговорност на судија одржала ново советување и гласање на 18 јануари годинава, но до Советот се уште не доставила извештај со предлог-одлука", се наведува во соопштението.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе