По бројните одложувања на судењата поради ковид-19

Здравев: Бараме решенија за одржување на онлајн судски рочишта

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев поради честите одложувања на судските рочишта во кои се наведува дека причината е поради позитивни случаи на ковид-19 вели дека се дискутира за можноста да се отпочне со онлајн судења. Според Здравев, сепак постои проблем за реализацијата на ваквиот нов начин на одржување на рочиштата, доколку не се согласи обвинетиот.

„Не може да се спроведе онлајн судење ако не се согласи обвинетиот на тоа. Мора во иднина да се менуват процесните закони за да може да се предвиди можност и за онлајн судење. И во Судскиот совет и меѓу судиите владее загриженост поради состојбите. Ќе мора да се бара некое решение, некој излез од таа состојба", изјави Здравев за МИА.

Тој вели дека во моментов не се дискутира за одложување на судските рочишта како што тоа беше пример во месеците март, април и мај, туку се бараат решенија за онлајн судења.

Освен законските пречки за одржување на онлајн судења, друг проблем со кој се соочуваат судовите, ако веќе се создават услови за ваков начин на судење, е фактот дека поголемиот дел од судовите во државата не се технички опремени за вакви постапки.

Заради новонастаната ситуација претседателот Здравев истакнува дека ќе побараат средства од Министерството за финанси и преку донаци за да судовите бидат технички опремени за онлајн судења.

„Знаеме дека сите судови не располагат со опрема, ама очигледно е дека ќе мора да водиме сметка да се обезбедат доволно средства од државата за да можеме и ние да постапуваме и да судиме бидејќи се пролонгираат постапките. Можеби на некој од обвинетите тоа му одговара, но бараме решенија па ќе видиме како ќе биде", изјави Здравев.

Инаку, зголемениот број на новозаразени од Ковид-19, рефлектираше и неколку судски постапки во Кривичен суд Скопје. Во дел од предметите иницирани од поранешното СЈО, како што се „Тврдина-Таргет", „Тортура" и „Титаник" следените недели нема да се одржат рочиштата од причина дека обвинетите Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер се позитивни на Ковид-19. Минатата недела се одложи и судењето за „Организаторите на 27 април", заради изолација на обвинетите Трајко Велјановски и Спиро Ристовски.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе