Основен кривичен суд Скопје

На 1 јули завршни зборови за обвинетите за организирањето на „27 април“

Основен кривичен суд Скопје денеска соопшти дека завршните зборови за за предметот поврзан со организаторите на настаните од 27 април ќе се одржи на 1 јули.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ, на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот“, се наведува во соопштението од Судот.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се обвинети дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе