Завршните зборови за обвинетите за организирањето на „27 април“ продолжуваат на 6 јули

На барање на одбраната, судијата Илија Трпков денес донесе одлука завршните зборови на адвокатите и обвинетите за организирањето на настаните од „27 април" да ги одложи за 6 и за 12 јули. До тогаш одбраната треба да се подготви за завршни зборови врз основа на она што обвинителката Вилма Русковска денес го прецизираше во обвинителниот акт. 

Одбраната реагираше дека ако измената на обвинетиот акт е чиста правна ситуација, продолжувањето со завршни зборови практично значи суштествена повреда на постапката и грубо кршење на законите и Уставот.

„Ако влегувате во фаза на завршни зборови, ниту еден од обвинетите не се произнесе за правото на вина, дури и да се истите докази не дал своја одбрана во поглед на дејствијата кои се изменети и ниту еден не е повикан да даде контра докази и аргументи на вака изменетиот обвинителен акт. Во судската пракса постојат повеќе пресуди во кои Апелацискиот суд го враќа предметот на повторно судење поради прекршување на сите овие права кои веќе ви ги цитирав погоре. Одбраната да има рок да може сите овие правни позиции да ви бидат предочени од одбраната", рече адвокатот Дончо Наков.

И адвокатот Еленко Миланов предложи да се преструктуираат и да го подготват завршниот збор, а и останатите адвокати во постапката го подржаа предлогот на нивната одбрана.

Судот одлучи дека ако се променила фактичката состојба тогаш рочиштето треба да се одложи, а како датуми беа дадени 6 и за 12 јули. 

К.Д.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе