Во Кривичен суд

Заврши доказната постапка за „Трезор“, на 22 март завршни зборови од Обвинителството

Судењето за предметот „Трезор“ ќе продолжи на 22 март со завршни зборови на Обвинителството, откако на денешното, последно рочиште од доказната постапка сведочеше Ненад Јосифовиќ, вработен во Орка Холдинг, инаку еден од осомничените во предметот „Империја“ кој што го отвори поранешното СЈО, за што беше и притворен.

На прашање на обвинителот Артан Ајро, сведокот кажа дека има слушнато дека постојат фирмите „Финзи Америка“ и „Финзи Македонија“. Прашан кој ја користел фирмата Финзи во Македонија, рече дека најверојатно покојниот Жарко Луковски, кој ја користел за свои потреби, „можеби ја користеше за сервис на мобилни телефони“, кажа сведокот, а на прашањето дали правното лице „Финзи“ имало зделки поврзани со МВР, како и дали Сашо Мијалков бил поврзан со користењето на ова правно лице, одговори дека не знае, објави МИА.

Со сослушувањето на овој сведок се исцрпе листата на докази, со што Судот констатираше дека доказната постапка заврши и ги закажа завршните зборови на обвинителството за 22 март 2021 година, додека, завршните зборови на одбраната за 29 март 2021 година.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе