Образложението на второстепениот суд е дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.
За случајот „Трезор", од 13 април 2021 Мијалков доби казна затвор во траење од 8 години заради Злоупотреба на службената положба и овластување, а за „Таргет-Тврдина" на 26 февруари 2021 година осуден е на 12 години затвор заради Злоупотреба на службената положба и овластување и Примање награда за против законите влијание.
За предметото „Плацеви на Водно", на 21 април годинава тој доби казна затвор во траење од 1 година и 3 месеци за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело.
Мијалков постигна спогодба со Обвинителството и признал вина за големиот предмет на поранешното СЈО „Империја" во кој се товареше за злоупотреба на пари и службена должност.
Судија на претходна постапка според спогодбата му изрекол казна затвор во траење од три години, а Мијалков ќе даде 6 милиони евра во готовина и околу 30 милиони евра во имот. Мијалков спогодбата ја направил со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Против Мијалков во првостепена постапка е активен предметот за случајот „Титаник 2 " кој предмет по првостепена пресуда и добиена жалба, беше вратен на повторно постапување од Апелацискиот суд Скопје.
Според тоа како се договориле обвинителката и обвинетиот пред судот, Мијалков со признавањето на вината за да ги добие трите години ефективен затвор ќе исплати 6,1 милиони евра во готови пари за својот удел во хотелот „Мериот" на главниот плоштад во Скопје, а ќе му биде одземен имот, од веќе замрзнатиот, во вредност од околу 30 милиони евра, меѓу кој има деловен простор, апартмани, гаражи и друго.
Вредноста на недвижниот имот во минатото била проценета на околу 17 милиони евра, но како што сега вели главната обвинителка на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, вредноста на имотот е зголемена со текот на годините и сега вкупната вредност е проценета на околу 30 милиони евра, во која сума се пресметани и 25 станови во Скопје кои ги поседувал Мијалков.
Мијалков на 22 август, годинава се пријави во затворот во Струга за отслужување на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“.
Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.
К.Д.