Второстепените судии ги одбија жалбите на обвинетите

Затворот од 9 години за Боки 13 и 7 за Јанева потврдени од Апелацискиот суд

Апелацискиот суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда. Судијката Васка Николовска-Масевска на 18 јуни, лани ја донесе пресудата за случајот „Рекет“ со која обвинетиот Бојан Јовановски доби 9 години, а Катица Јанева доби седум години затвор.

„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираат од Апелацискиот суд Скопје. 

Првостепената судска постапка за „Рекет" почна на 3 декември 2019 година.

Овој предмет беше најавен како еден од најголемите случаи во македонското судство досега.

По 36 одржани рочишта и неколку одложени, најчесто поради поплаките за лошото здравје на Боки 13, и 30 сослушани сведоци, беше изречена првостепената пресуда.

Второстепениот суд донесе одлука дека изречените пресуди од Основниот кривичен суд се законски и истите ги потврди. Со ова пресудата за Јанева и Јовановски е правосилна, по што тие ќе треба да започнат со издржување на затворските казни. 

 

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе