Затворски казни за дивите копачи и продавачи на културното наследство во предметот „Ниџе“

Денеска во Основниот кривичен суд предметот со културното наследство познат како „Ниџе", за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кон крајот на септември минатата година отвори истрага против осум лица, заврши со пресуда.

Како што информира Јавното обвинителство, откако шестмина обвинети во фаза на оценка на обвинителен акт признаа вина и во мај годинава се спогодија со јавниот обвинител Маја Конеска, денеска на главна расправа во Основниот кривичен суд – Скопје останатите двајца обвинети признаа дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување" и кривично дело „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости".

Обвинетиот Б.К., како што се наведува, призна дека сторил и кривично дело „Прикривање", а обвинетиот Н.Л. и кривично дело „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости". За кривичните дела што им се ставаат на товар, судот донесе пресуда со која на обвинетиот Б.К. му изрече единствена казна затвор во траење од четири години, додека на Н.Л. казна затвор во траење од една година и шест месеци.

„Б.К. и Н.Л. како членови на група, заедно со организаторите и припадниците на групата кои се сега осудени, вршеле кривични дела против културното наследство во период од мај 2020 година до крајот на септември 2021 година. Во рамките на криминалната група секој од припадниците на групата имал точно дефинирана улога според која дејствувал. Заедничката цел на групата била илегално истражување, копање на археолошки локалитети на македонската територија, прикривање во сопствените домови, нудење на продажба на заинтересирани купувачи и продавање на добра – културното наследство сопственост на Северна Македонија,“ стои во соопштението.

Лицето Б.К. како припадник на групата, за да придонесе во заедничката цел на групата, во сопствениот дом прикривал археолошки предмети илегално ископани од археолошки локалитети и ги нудел на продажба на заинтересирани купувачи од странство. Обвинетиот Н.Л., пак, без дозвола од надлежен државен орган вршел истражување на археолошки локалитети и локалитети што содржат природни реткости, недозволено ископувал, присвојувал и нудел на продажба добра, споделувал информации и возвратно добивал координати од непознати припадници на групата од други земји.

За останатите обвинети, во мај годинава, судот донесе пресуди врз основа на предлог спогодби со кои обвинетите ги огласи за виновни и им изрече казни. Д.Р. како организатор на криминалната група е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години за сторени кривични дела „Злосторничко здружување", „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости", „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости" и „Прикривање"..

К.Т. како организатор на криминалната група е осуден на единствена казна затвор во траење од четири години за сторени кривични дела „Злосторничко здружување", „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости" и „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости".

На З.Т., С.К., П.М. и Ѓ.П. судот им определи алтернативни мерки условни осуди за сторени кривични дела „Злосторничко здружување" и „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости", Ѓ.П. освен за погоре наведените кривични дела е осуден и за „Прикривање". За З.Т. и С.К. е утврдена единствена казна затвор во траење од една година и два месеци која казна нема да се изврши доколку обвинетите во рок од четири години не сторат ново кривично дело, додека за П.М. и Ѓ.П. е утврдена единствена казна затвор во траење од една година и еден месец која казна нема да се изврши доколку обвинетите во рок од четири години не сторат ново кривично дело.

Одземените предмети и добра, како и средствата со кои осудените ги извршиле кривичните дела со одлука на судот се одземаат, се наведува во соопштението од Јавното обвинитество. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе