Со решение на скопска Апелација

Затворската казна за судијата Панчевски намалена за 12 месеци

Скопскиот Апелациски суд Скопје ја преиначи затворската казна за судијата Владимир Панчевски, со што наместо три години и шест месеци, таа ќе изнесува две години и шест месеци. Тој беше прогласен за виновен како претседател на Кривичниот суд за злоупотреба на службената положба со манипулација на Акмис-системот, односно за рачно местење на предмети кај одредени судии според негов избор. Обвинението го товари за манипулации со 45 судски предмети.

Според обвинението, тој го прекршил Законот за судовите, Панчевски како претседател на Судот, влијаел на текот на судските предметите. Меѓу другите предмети, станува збор и за судски предмети покренати од Специјалното јавно обвинителство. 

Панчевски пред судот во Велес, се бранеше дека обвинението претставува политичка конструкција.

Oд судиската функција во 2019 година беше разрешен со образложение дека работел нестручно и несовесно, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе