Ќе биде во куќен притвор до правосилност на пресудата

Затвор од 4 месеци за пиштолџијата кај „Скендер бег“, казната по КЗ е од 1 до 5 години

Јусуф Енузи-Кока е осуден на четири месеци затвор за пукањето на плоштадот „Скендер бег“, за време на протестот против францускиот предлог. Му се судеше за предизвикување општа опасност, каде според Кривичниот законик е предвидена казна од една до пет години. Но, сепак обвинетиот доби казна под затворскиот минимум. Редакцијата на МКД.мк се обрати до Основниот суд Скопје 1 од каде чекаме информација за тоа кои биле олеснителните околности поради кои судијката Џенета Бектовиќ се одлучила за ваква пресуда. 

Првостепената пресуда треба да биде доставена во писмена форма до странките во постапка, а потоа тие имаат рок за жалба од 15 дена. 

Во овој случај обвинетиот пиштолџија е во куќен притвор и ќе биде дома додека не биде пресудата правосилна, односно се додека течат роковите за жалби. 

Тоа значи дека ако за период од овие месеци трае жалбената постапка и биде донесена иста пресуда од Апелацискиот суд, Кока казната ќе ја одлежи дома, бидејќи во пресудата се засметува и времето кое го минува во куќен притвор. 

Според членот член 288 од Кривичниот законик:

(1)Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јнизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(2)Со казната од став 1 ќе се казни службено или одговорно лице кое нема
да постави пропишани уреди за заштита од пожар, експлозија,поплава,
отрови, отровни гасови или јоинзирачки зрачења или овие уреди не ги
одржува во исправна состојба или во случај на употреба не ги стави во
дејствие или воопшто не постапува според прописите или техничките
правила за мерките за заштита и со тоа предизвика опасност за животот
или телото на луѓето или за имотот од големи размери.

(3) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

За овој обвинет, претходно по пукањето на протестот прес-конференција одржа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои рече дека мета на Кока бил тој и дека требало да го убие. 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе