Откако призна вина

Затвор од 3 месеци за Габриел Бајрам за тепањето на шанкерот и кршењето инвентар во кафана во Скопје

Габриел Бајрам, советник во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам доби затвор од 3 месеци за насилство. Тој признал вина за тепањето на шанкерот и кршењето на инвентарот во угостителскиот објект Аквадукт на булеварот „Словенија“ во Скопје

Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.

Во казната му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе