Кривичниот суд во Скопје пресуди

Затвор од 3 години за скопјанката што прегази дете во Градски парк

Во Кривичниот суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Маја Лукаревска, жената која пред околу 4 години на Илинденска кај Градски парк прегази 13-годишно дете велосипедист. Обвинетата Лукаревска доби затворска казна од 3 години, која според судот треба да биде апел за останатите возачи да внимаваат во сообраќајот. По настанот бел велосипед беше поставен на влезот од Градски парк, за да не потсетува на Давид кој невино загина во сообраќајката. 

„Со пресудата обвинетата М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и е осудена на казна затвор во траење од 3 години. Во текот на постапката беа изведени 6 вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на Законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници", соопштија од судот.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје.

Кобната несреќа се случи на 18 септември 2015 година, кога тогаш 47-годишната скопјанка удри во момчето во попладневните часови. Детето веднаш беше пренесено во Ургентниот центар каде за околу еден час им подлегна на повредите.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе