Судство

Застаре предметот и против Бучковски, случајот „Тенковски делови“ заврши

Експремиерот Владо Бучковски денеска при завршните зборови на судењето за „Тенковските делови", се спаси од казна бидејќи делото застарело, објави Коалицијата за правично судење.

„На денешното рочиште за „Тенковски делови“, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за 22 ноември во 13:30 часот“, објави Коалицијата за правично судење.

Предметот почна во 2007 година, а ова беше трето судење.

Обвинителството за организиран криминал во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и Стамболиски за злоупотреба на функциите, за резервни делови за армиските тенкови со кои причиниле штета од околу 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

Според обвинението, на крајот на 2001 година, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата „МЗТ ФОП“ нарачале резервни делови за тенковите „Т-55“. Шест години подоцна Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе постапка и во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски за злоупотреба на функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе