„Монструм“ е монструозно садистичко одземање на животи

Замислете како им било на децата пред да ги убијат додека клечеле на колена, рече судијата Ставрев и изрече доживотен затвор за извршителите

Судиите, обвинителите, адвокатите кои работат на вакви предмети имаат обичај и често во судската постапка за ваков настан го користат поимот кривично правен настан. Но ова не е кривично правен настан, туку според моето гледиште и чувство, ова е монструозно садистичко одземање на животи на деца кои одвај станале полнолетни. Ова го кажа судијата Огнен Ставрев кој денес изрече 3 доживотни затворски казни, една во траење од 15 години и една во траење од 9 години затвор за случајот „Монструм".

„Судиите, обвинителите, адвокатите кои работат на предметите имаат обичај и често во судската постапка да го употребуваат поимот кривично правен настан. По мое видување и чувство овде не се работи за обичен кривично правен настан. Се работи за монструозно садистичко убивање и одземање на животи на деца кои одвај станале полнолетни. Замислете ги чувствата на децата една минута пред смртта, клекнати на колена. Размислувале ли за семејството, за првите љубови, што се не им прошло низ глава во таа секунда, а тоа било и прашањето зошто ние и што лошо сме сториле, а не сме имале ни време да сториме. Какви се чувствата на родителите, во која психолошка бездна биле тие кога разбрале дека ги нема, како се чувствуваат во долго поминатите денови барајќи правда?", рече судијата Ставрев пред изрекување на пресудата.

Судијата Ставрев посочи дека ако мирот во една земја се наруши стапува на сцена принудата.

„Правото е поредок во кој употребата на сила е забранета. Праведно е се што е законито. Правосилната е заснована врз релативна процесна вистина. Идејата за правда го потенцира значењето на општото добро. Правото е правда, но и правна сигурност. Треба да обезбеди мир и сигурност. Во Кривичниот Законик е предвидено дека тој што ќе изврши едно или повеќе дела на убиства, грабнување на лица, уништување на правни објекти.. ќе се казни од најмалку 10 години или доживотен затвор. Оној кој ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана затворска казна доживотен затвор, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години", појасни судијата Ставрев.

На изрекување на пресудата присутни се и родителите на убиените момчиња и рибарот.

К.Д.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе