Премиерот денес повикан во судница

Заев сведок на судењето во кое на Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски им се суди за настаните од 27 април

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за обвинетите за организирањето на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. За денес сведок во судница е повикан премиерот Зоран Заев.

На претходните рочишта за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе