Премиерот на суд за 27 април

Заев сведочеше: Се плашев дека ќе ми заврши животот

Премиерот Зоран Заев денес беше во Основиот кривичен  суд во Скопје како сведок за настаните за 27 април во Собранието, од 2017 година. Овој пат Заев беше во суд да сведочи во постапка во која по обвинителен предлог му се суди на обвинетиот Илија Петрушевски, вработен во државна служба, во затворот во Идризово. Тој на тоа место работел и во времето на насилството во Собранието, а работи и сега.

Премиерот Зоран Заев на сведочење за случај поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието, рече дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот.

„Имав страв дека ќе ми заврши животот. Две и пол години се поминати не можам да се сетам на ликот кој е овде дека бил во прес салата. Секако не ми е сеедно како сограѓанин, но сепак очекувам правичен систем кој нема да дозволи да се повтори она што ние го преживеавме", рече Заев.

„Им се извинувам и на премиерот и на сите пратеници кои беа загрозени. Најискрено не придонесов на никаков начин ни со удари ни со ништо, само учествував“, рече обвинетиот Петрушевски.

Заев не побара оштета и побара од судот врз основа на доказите да донесе правилна одлука. 

За настаните од 27 април до сега заврши една постапка за која беа изречени високи затворски казни од првостепениот суд, а на ред чека и втор предмет, овој пат за организаторите. За нив одобрено е обвинението и треба да се закаже датум за рочиште. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе