Премиерот со порака

Заев им порача на судиите и обвинителите дека не им требаат политичари туку закони

Премиерот Зоран Заев за имињата на Кики и Фрики, кои според неофицијални информации пласирани во јавноста, се дел од редовите на СДСМ, на прашање дали партијата ќе застане зад нив, одговори дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара. Премиерот посочи дека Кики и Фрики за него не постојат. Тој додаде дека ја знае целата вистина за овој случај, но не е ниту негово, ниту на партијата да се меша и испрати порака до сите надлежни дека не им требаат политичари, туку им требаат законите и по нив треба да работат.

„Ја знам целата вистина, но не е мое, ниту на СДСМ да се мешам и уште помалку во ова време кога имаме борба против криминалот. Секој што се огрешил пред законот мора да одговора, а борбата против криминалот ни треба и надвор, а и дома. Во време кога претходно се затскривале вакви случаи, сега се бориме да ги истераме до крај. Почитувани истражители, обвинители и судии, не ви треба политичарите, носете одлуки според законот. Мора да го вратиме владеењето на правото. Таа е пораката, немаме казни бесење и стрелање, казната најтешка е затвор.Треба да си го средиме законот оти сакаме и децата да ни растат овде", рече Заев.

Во врска со тоа околу сознанијата кои ги имал премиерот и она што го пријавил во обвинителството, премиерот рече дека нема намера да одговара за детали со кои може да наштети на истрагата. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе