Едниот од обвинетите признал вина, за другиот постапката трае

За заканите дека „ќе сечат глави и ќе топат луѓе во киселина“ изречена условна пресуда

Раиф Зејадиновски (31) од Скопје, еден од обвинетите за заканите во автобус на ЈСП дека ќе сечат глави и ќе топат патници во киселина, доби условна казна. Пресудата за МКД.мк ја потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Зејадиновски, според пресудата нема да оди во затвор, ако во следните 4 години не стори ново кривично дело. Но, ако ја прекрши условната казна, тогаш, според одлуката на Судот ќе треба да помине 2 години во затвор.

Условната казна тој ја добил откако признал вина за инцидентот кога возејќи се заедно со скопјанецот Халим Ибраимовски (31) добија опомени од патниците дека не треба да се возат без маски поради мерките за заштита од ковид-19, на што возвратија со закани за кои беше објавено и видео.

За другиот обвинет во оваа постапка, судењето е во тек по редовна постапка во судот. Одговараа за кривичното дело насилство. 

„Ќе треба на некого главата да му ја сечам. Не се занесувајте. Ќе те носам и во киселина ќе те ставам. Ти не знаеш со кого си имаш работа. Што ако не е станица, овде јас кажувам. Ние сме верници, вие сте неверници и не знаете со кого имате работа", зборува на видеото кое беше објавено на социјалните мрежи двете лица.

На видеото се гледаше и како едниот од нив удира по држачите во автобусот и прашува дали овој шоферот има станица, на што останатите патници му укажуваат дека автобусот ќе застане на станица.

Но, на тоа тој возвраќа дека и државата и полицијата ќе работат за него и тој тука кажувал кој каде треба да застане.

„Има станица или нема овој шофер. И држават и полиција ќе работат за мене. Не знаеш ти со кого имаш работа. Ако не е станица, јас овде кажувам", се закануваше еден од пријавените.

Од МВР за лицата од настанот тогаш одговорија дека се работи за Р.З.(31) и Х.И.(31) од Скопје и против двајцата до Основнот јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави за насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Според овој член од законот тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилсгво и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години. Став 2 од истиот член вели дека, ако делото е извршено во група од две или повеќе лица или насилството е извршено над повеќе граѓани или сторителот телесно повредил друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Но, според пресуда на Судот за сега едната пресуда е условна, а за другата постапката трае. 

Обвинителството поднесе обвинение за овој случај во јануари, годинава. 

Во соопштението на скопското Обвинителcтво тогаш објавија:

„Обвинетите на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7 во Скопје, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на оштетениот возач и на патниците во автобусот. Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица 'Рекорд' без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина. Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото. Со тие дејствија обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај оштетениот возач и патниците на автобусот".

К.Д.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе